Земјотрес ги погоди португалските Азорски острови

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска португалските Азорски острови, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот, како што наведуваат од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, е регистриран на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.