Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала рано изутринава ја погоди јапонската префектура Фукушима, но не е издадено официјално предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка служба.
Земјотресот е регистриран во 06:17 часот во голем број градови во префектурата Фукушима, вклучително и Футаба и Окума, потврди метеоролошката служба. Се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во близина на Фукушима на длабочина од околу 50 километри.
По земјотресот во нуклеарните централи Фукушима Даичи и Фукушима Даини, не се откриени никакви абнормалности, потврди нивниот оператор.