Златна топка: Асот на Реал, Џад Белингем, е најдобар млад играч

Овогодинешното доделување на „Златната топка“ за најдобрите во светот на фудбалот се одржува во Париз.

Ќе бидат прогласени најдобриот фудбалер на планетата, воедно и најдобриот фудбалер, како и најдобриот голман и најдобриот млад играч.

Џад Белингем е најдобриот млад играч.

Пристигна и Лионел Меси

Оваа година престижниот Франс Фудбал по 67 пат ја доделува оваа престижна награда.

Рекордер е Лионел Меси кој има седум Златни топки, две повеќе од Кристијано Роналдо. Меси и оваа година е фаворит за освојување на наградата.

Главни фаворити се Лионел Меси, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Минатогодишниот победник Карим Бензема оваа година ја заврши само на 16. место.