Злосторство од омраза: Момче (6) убиено поради палестинско потекло, татко со скршено срце ги откри последните зборови на синот (фото)

Таткото на шестгодишното палестинско момче откри кои биле последните зборови на неговиот храбар син кон мајка му пред да биде избоден 26 пати во Америка, а сето тоа поради неговото палестинско потекло.

– Добро сум – ѝ рекол момчето на мајка си, според зборовите на неговиот татко.

Вадеа Ал-Фајоме (6) беше прогласен за мртов откако беше избоден 26 пати. Полицијата го уапсила Џозеф М. Чуба, човекот кај кого живееле под кирија, и го обвинила за убиство, пренесува Дејли Меил Телеграф.

Чуба (71) од Чикаго беше уапсен откако полицијата во Илиноис соопшти дека тој брутално нападнал момче од палестинско-американско потекло во саботата извикувајќи антимуслимански навреди.

Тој е обвинет за злосторство од омраза, а полицијата верува дека тој ги нападнал жртвите поради нивната исламска вера и како одговор на војната меѓу Израел и Хамас.

Таткото на момчето, Одај Ал-Фајумех, рече дека неговиот син и неговата сопруга го познавале сопственикот и дури биле во добри односи со него пред ужасниот напад.