Зошто Дани Алвеш може да излезе од затвор за три месеци, иако беше осуден на 4,5 години?

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш пред судот во Барселона е осуден на затворска казна од четири години и шест месеци поради силување .

Фудбалерот заедно со својата адвокатка Инес Гвардила, обвинителката – Елизабет Хименез и жртвата Естер Гарсија денеска лично ја дознале одлуката на судот по процесот кој започна на 7 февруари.

Сепак, според Марко, Алвеш би можел да помине многу помалку време во затвор отколку според дописот на пресудата.

Имено, Алвеш е во затвор од 20 јануари 2023 година, а веќе би можел да има право на ослободување во мај оваа година.

Пресудата на Врховниот суд на Каталонија се уште не е правосилна и има жалба пред Врховниот суд, која веќе ја најави адвокатот на Алвеш.

Ако жалбата биде прифатена, има шанса за некакви бенефиции, доколку добие трет степен на затвор.

Во моментот кога ќе одлежи третина од казната, Алвеш би можел да стекне услов за делумен престој во затвор, а тоа е да спие во затвор и во него да поминува најмалку осум часа дневно.

Друга шанса за намалување на казната е доброто владеење и развојот на културните и професионалните активности во затворот, како и плаќањето на граѓанската одговорност што произлегува од кривичното дело на жртвата (веќе платила 150.000 евра).