Зошто мажите се опседнати со големи гради? И Дарвин има објаснување

Сексолозите тврдат дека глетката на бујна биста го потсетува посилниот пол од детството и сигурната прегратка на мајката, но дека нивната фантазија ја разгорува и тоа што тоа е табу тема.

Ретко се случува мажот да остане целосно рамнодушен пред бујните женски гради . Со оглед на тоа, не е чудно што жените не се двоумат да одат „под нож“ за да го добијат најпривлечното деколте. Психолозите и сексолозите издвојуваат неколку причини зошто овие женски атрибути се привлечни за мажите .

Меѓу првите е чувството на сигурност. Имено, психолозите тврдат дека самиот поглед на женските гради ги поврзува мажите со детството. Женските гради ги потсетуваат на идиличните детски денови кога нивните мајки ги штителе, а и во години далеку од младоста најдобро се чувствуваат кога ќе ја стават главата на женските гради затоа што сакаат да побегнат од се.

Градите се поврзани со природната селекција. Според Чарлс Дарвин и неговата теорија за еволуција, луѓето несвесно избираат партнери кои се здрави и способни за репродукција. Според истражувањето на Дарвин, мажите ги привлекуваат женските гради, особено малку поголемите гради, бидејќи ги наведуваат да заклучат дека оваа жена има силна конституција, дека може да раѓа, да одгледува деца и на тој начин да го одржува видот. Иако репродукцијата повеќе не е на врвот на листата на приоритети, сепак тој инстинкт, велат експертите, има големо влијание.

Визуелна стимулација

Секој добар љубовник знае дека женските гради се силно поврзани со женското либидо. Затоа мажите знаат дека ако ги допрат градите на вистински начин, лесно можат сексуално да ја возбудат жената.

За разлика од жените, чија страст може да се разгори со читање роман со еротска содржина, на мажите им е потребна визуелна стимулација за возбуда. Затоа и не е чудно што градите го привлекуваат вниманието и погледот на мажите.

Забрането овошје

Еротската фасцинација со градите дополнително ја зголемува фактот што женските облини се покриени и сокриени од љубопитните очи. Имено, токму она што е скриено и има примеси на мистицизам е автоматски интересно и привлечно за луѓето.

Кога било кој друг дел од телото на жената би бил така покриен, на пример главата, мажите љубопитно би се запрашале како изгледа тој дел од телото. Треба да се има на ум старата поговорка – забранетото овошје е секогаш најинтересно и најпривлечно, е заклучокот од оваа студија.