Џорџ Клуни спиел со свиња тешка 133 килограми: Актерот рекол дека ќе се ожени со неа, сите мислеле дека никогаш нема да се ожни поради неа

Актерот Џорџ Клуни живеел еден период од животот со свиња која дури и спиела во неговиот кревет.

Холивудскиот заводник Џорџ Клуни ужива покрај сопругата Амал . Парот важи за еден од најгламурозните, најубавите и најпознатите на светската сцена, а нивниот приватен живот отсекогаш бил мета на јавниот интерес. 

Миленик на жените ширум светот, тој беше во врска со покојната колешка Кели Престон кон крајот на осумдесеттите. Двајцата се запознале по нејзиниот развод и поминале речиси две години заедно.

Тие дури стигнаа да живеат заедно, а потоа актерот и подари свиња, која стана трет член на семејството. На свињата му дадоа име Макс, а по разделбата Клуни ја чуваше.

Како што пренесуваат светските медиуми, Макс во еден момент тежел речиси 133 килограми, но тоа не го спречило ниту да спие во кревет со Клуни. Колку бил приврзан за неа говори и тоа што еднаш на шега рекол дека ќе се ожени со неа доколку се вклопи во нејзината венчаница.

Актерот со години важеше за вечен ерген, кој никогаш не може да се „смири“, а се шпекулираше дека нема родителска љубов бидејќи љубовта му била насочена кон миленикот. Меѓутоа, работите се сменија кога Макс почина, што беше многу тешко за Клуни да го преземе.

– Свињата што ја нарече Макс умре во 2006 година, па можеби тогаш се предомислил да основа семејство. Го обожаваше Макс, кој беше со големина на маса  – изјавила за „Сан“ поранешната девојка на Клуни, Елизабет Дејли.

Така се случи, па актерот во 2014 година се ожени со адвокатката Амал Аламудин и со неа, три години подоцна, ги добија близнаците Ела и Александар.