ИДЕАЛНИ ЗА ДЕНЕС – Пилешки прсти во рерна кои нема да ‘пливаат’ во масло

Ако сакате да подготвите пилешки прсти за мезе што нема да „пливаат“ во масло и за кои нема да останете еден час пред шпорет – ова е одличен рецепт за вас.

Подгответе крцкави пилешки прсти што може да бидат одлично мезе за викенд седенките, без да останете со часови над шпорет и да пржите месо или да потрошите многу масло.

Како да ги подготвите?

Потребни состојки:

  • 600g пилешки стек;
  • 2 лажички сол;
  • 2 јајца;
  • Лажичка сенф;
  • Лажичка брашно;
  • 100g сусам;
  • 100g презла.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
  • Пилешкото месо се сечка на тенки ленти и се посолува;
  • Во длабок сад се мешаат 2 јајца, лажичка сенф, лажичка брашно, а во друг сад се мешаат презлата, сусамот и една лажичка сол;
  • Секоја лента месо прво се валка во сосот од јајца и сенф, а потоа се валка во презла и сусам;
  • Лентите се редат на плех обложен со хартија за печење и се печат околу 25 минути на температура од 200 степени или додека не добијат златно-кафеава боја.