Извештај на ОН: Над 8.000 цивили ги загубија животите од почетокот на војната во Украина

Повеќе од 8.000 цивили ги загубија животите откако Русија ја нападна Украина пред една година, соопшти Канцеларијата за човекови права на ОН.

Бројот на жртви е многу поголем од претходните слични податоци, според кои се евидентирани 7.199 случаи на смрт.

Околу 90 отсто од цивилите ги загубија животите во експлозии предизвикани од ракети и артилериски гранати, се вели во извештајот.

Мисијата на ОН за човекови права во Украина, која има десетици набљудувачи во земјата, рече дека очекува реалниот број на жртви да биде „значително поголем“ од официјалната бројка, бидејќи процесот на потврдување на податоците продолжува.