Мицкоски на “баци рака” кај Агелер!? Лидерот на ВМРО ДПМНЕ во тајна посета на “Калето” по заминувањето на сенаторите од Македонија, што разговараа во четири очи?

Минатата недела двајца видни сенатори од Америка ја посетија Македонија, сенаторите Жан Сахин и Питер Велч имаа средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која присуствуваа и вицепремиерот, задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за надворешни работи, Бујар Османи Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Сенаторите имаа средба и со Претседателот Стево Пендаровски.

Веднаш по завршувањето на посетата на сенаторите на кафе во американската амбасада беше повикан лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Детали за таа средба не беа објавени ни од Амбасадата ниту од прес центарот на ВМРО ДПМНЕ. Неколку часови подоцна на својот твитер премиерот Ковачевски објави дека имал средба со амбасадорката Агелер на која “ги разгледавме претстојните процеси и активности кои ги очекуваат двете земји, во насока на зацврстување на нашето партнерство и реализирање на заедничките приоритети”.

Извори блиски до ВМРО ДПМНЕ брифираат дека Мицкоски не ги информирал свооите најблиски соработници за содржината на сртедбата со амбасадорката Агелер, додека Ковачевски доа го објаснил пред своите соработници како координирана активност со амбасадорката за на Мицкоски да му бидат соопштени пораките на санаторите и уште некои пораки кои се за “во четири очи”.

Тоа ги подгреја шпекулациите дека Американците и Калето можеби полека креваат раце од СДСМ и се вртат кон ВМРО ДПМНЕ или дека создаваат терен за некоја голема влада по изборите идната година. Многумина сметаат дека учество на СДСМ во влада во која ВМРО ДПМНЕ би бил мнозински партнер би била опасна за партијата на власт и дека тоа би водело до процес на ПАСОК-овизација на СДСМ.

Мицкоски се соочува со голем притисок внатре и надвор од партијата. Груевски индиректно го најави своето враќање во политиката и ги дефинираше Зоран Заев и Христијан Мицкоски како свои нејголеми противници. Васко Наумовски надвор од Белата палата и уште неколку луѓе внатре во Белата палата се гледаат на позицијата “калиф на мастото на калифот”. Власта за првата половина на идниот месец планира носење на Законот за амнестија по брза постапка, а Мицкоски се закани дека ако тоа се случи тој ќе бара согласност оа ИК и ЦК на партијата за напуштање на Собранието од страна на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. На крајот од октомври во Македонија треба да допатува првиот човек на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, што многумина го толкуваат како црвена линија до кога треба да бидат (не)усвоени уставните измени. Така што кругот на политичко делување на Мицкоски е значајно редуциран, а во таков момент доаѓа неговата тајна посета на Калето.

Ова е дел од анализата во емисијата Во Центар. Станете мембер на Youtube каналот Vasko Eftov и ќе можете да ја погледнете целата на анализа на следниот линк: