Извршен е првиот лет за медицински цели со хеликоптерот на МВР

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи за првпат е употребен во медицински цели.

Пациент утрово е пренесен од Скопје во Виена, Австрија на понатамошно лекување. Пациентот во Скопје бил сместен во клиниката Жан Митрев- Скопје.

„Оваа наша хуманитарна мисија не само што ја докажува соработката на двете министерства за внатрешни работи и Министерството за здравство за унапредување на услугите за граѓаните, туку ја нагласува и важноста од интегрирање на современи технологии и ресурси во спасувачките и медицинските операции. Заменик министерот за внатрешни работи, Митко Бојмачалиев.

Тој појасни дека користењето на хеликоптерот претставува важен напредок во националната способност за пружање итна медицинска помош на тешко достапни места, но и за пациентите на кои им треба итен транспорт до други здравствени установи.