– Денеска во 09:30 часот изгоре автомобил на патот меѓу селата Муртино и Сачево, кај Струмица.
Според информацијата од ТППЕ Струмица, во гаснењето на автомобилот учествувале едно против пожарно возило и тројца пожарникари.
Пожарот бил во разгорена фаза при што било спречено негово натамошно ширење, но причинета е значителна материјална штета.
Според првичните сознанија пожарот настанал од самозапалување на автомобилот