Израелската полиција интервенираше за време на протестите против Владата на Нетанјаху

– Протести и акции на граѓаните во Израел се одржаа вчера низ земјата, додека коалицијата предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху се подготвуваше во Парламентот да го изнесе Нацрт-законот со кој се намалува контролата на Врховниот суд над Владата.

Илјадници демонстранти ги блокираа улиците низ Израел во рамките на протестот „Ден на отпорот“, организиран против владиниот план за реформи на правосудниот систем.

Демонстрантите се собраа на железничките станици во текот на шпицот со израелски знамиња. Израелската полиција ги блокираше влезовите на некои станици.

Низ Израел, демонстрантите ги блокира патиштата што предизвика долги колони на многу автопатишта во текот на целиот ден.

Десетици илјади Израелци учествуваа во демонстрациите на десетици пунктови низ земјата, особено во градовите, како Тел Авив, Западен Ал Кудс (Ерусалим) и Хаифа.

Демонстрантите се собраа пред владиниот комплекс на улицата „Каплан“ во Тел Авив, која во вечерните часови стана симбол на протестот против новата законска регулатива.

Група од околу 1.000 демонстранти го блокираше автопатот „Ајалон“ во Тел Авив.

Израелската полиција ги избрка демонстрантите користејќи водени топови и сила.

Според извештаите на израелските медиуми, кога министерот за национална безбедност Итаман Бен-Гвир пристигнал на тоа подрачје, демонстрантите извикувале „терористи“. Патот е пуштен во сообраќај по околу 2,5 часа.

Изралеската полиција интервенираше со водени топови и во улицата „Каплан“. Медицински тимови и пружаа помош на повредените демонстранти.

На протестите што се одржаа ширум Израел, приведени се околу 60 демонстранти.

Израел последните месеци е сцена на политичка криза поради планираните реформи во правосудството.

Израелската опозиција го обвинува премиерот Нетанјаху, кому му се суди по обвинение за корупција, дека со реформата сака да преземе поголема контрола над судството.

Нетанјаху ги негира тие обвинувања и отфрла бкаква било врска меѓу измените во судството и неговиот случај.