Има мртви и повредени! Супермоќна бура е страв и трепет за Хрватите, хорор и во Словенија

Две лица загинаа во невремето што попладнево го зафати главниот град на Хрватска.

– Евидентирани два смртни случаи, неколку лица се повредени во невремето – потврди за српаки Н1 д-р Љупка Хитрова.

Според извештаите, загрепскиот жупански центар 112 примил стотици повици за соборени дрвја и сообраќајна сигнализација на патот и јавните површини. Ветерот оштети покриви на бројни куќи и згради.

Едно лице загина во Блед при страшното невреме што попладнево ја зафати Словенија, потврдија од полицијата за 24ур.

Според непотврдени информации, млада жена настрадала кога врз неа паднало дрво.

Во таа прилика е повреден и еден маж кој се здобил со тешки телесни повреди.

При денешното невреме предизвикана е голема материјална штета низ цела Словенија.

Град со големина на тениско топче паѓал во месноста Бела Краина и ги уништи речиси сите покриви во селото Приложје.