Израел гранатирал болница во Газа! Жртвите не се пребројуваат, загинаа повеќе од 500 луѓе (ФОТО)

Проектилот паднал во дворот на зградата

Израел изврши воздушен напад врз дворот на Арапската болница Ал Ахли во градот Газа, изјави Салам Маруф, шеф на владината канцеларија за медиуми во опколената крајбрежна енклава.

– Израелската окупација изврши ново воено злосторство во болницата каде беа сместени стотици луѓе кои ги напуштија своите домови, како и болни и повредени – рече тој.

Загинати и ранети се непотврден број Палестинци, соопшти МВР.

Првите проценки за загинатите се меѓу 200 и 300, пишува Ал Џезира, повикувајќи се на Министерството за здравство во Газа, кое подоцна објави дека загинале најмалку 500 луѓе.

Во болницата имало голем број цивили, а се наоѓала во населба во која немало воени објекти.

Групата за човекови права Ал Мезан го означи нападот како „воено злосторство“.

Ал Мезан на IX објави дека болниците  „имаат право на посебна заштита“ според меѓународното хуманитарно право.