Не се плашам од смртта: Познатиот актер Сем Нил напиша проштално писмо

„Умирањето е многу иритирачко“

Познатиот актер Сем Нил (75) во своите мемоари „Did I Ever Tell You This“ откри дека се лекува од рак на крвта, кој е во трета фаза.

Иако последните резултати покажаа дека нема повеќе траги од опасната болест, таа се врати.

Ракот се врати и овој пат е посериозен. Тој е во ремисија веќе 12 месеци. Му понудиле експериментален лек, но тој признава дека е „подготвен“ на фактот дека во одреден момент лекот ќе престане да делува.

Умирањето е многу иритирачко

– Во никој случај не се плашам од смртта. Тоа не ме загрижува. За почеток не ме загрижуваше, но ќе ме изнервира. Би се изнервирал бидејќи има работи кои сè уште сакам да ги правам. Умирањето е многу иритирачко. Но, не се плашам од него – изјави актерот најпознат по филмот „Паркот Јура“.

Актерот откри дека подготвил проштално писмо за своите деца.

76-годишната ѕвезда откри дека почнал да планира што ќе му каже на синот Тим, ќерката Елена и внуците.

– Не знаев колку долго ќе можам да живеам. Затоа мислев дека веројатно треба да им напишам нешто на моите деца и внуци бидејќи можеби нема да бидам тука за неколку месеци. Би било добро да имаа нешто мое, како и некои работи што ги направив – изјави актерот.

Едвај успеав да го гушнам

Нил рече дека дознал дека има рак минатата година за време на неговото прво патување во Нов Зеланд.

Неговиот син Тим за „Australian Story“ раскажал дека едвај еден час по враќањето на татко му во Нов Зеланд, лекар му се јавил со страшната вест.

– Кога ја спушти слушалката и кога седнавме, малку плачевме заедно. Тоа требаше да биде среќен ден. Не успеа да остане – изјави Тим.

Тој отишол да го посети својот татко додека бил на хемотерапија и се згрозил кога видел колку е слаб.

-Бев шокиран, се скршив и едвај успеав да го гушнам. Тој беше само кожа и коски. И тогаш тој се вознемири што јас се вознемирив поради тоа и ми рече дека го стресувам. Му реков – што зборуваш тато? – рече Тим.

Инфузија до крајот на животот

И токму кога помислиле дека здравјето на Нил може да се подобри, добил уште полоша вест – ракот се вратил и овој пат бил посериозен.

– Знам дека имам рак, но навистина не ми е грижа. Тоа е надвор од моја контрола. Ако не можете да го контролирате, не се ни замарајте со тоа – рекол актерот за својата болест.

Нил сега прима инфузии на секои две недели и ќе го прави тоа до крајот на животот или додека лекот не помине.

– Исцрпувачко е, многу темно и депресивно – заклучува овој актер.