Израел ја нападна Сирија!

Според непотврдени информации, Израел ги нападнал аеродромите во Дамаск и Алепо во Сирија.

– Израел ги нападна аеродромите во Дамаск и Алепо. Според прелиминарните податоци, пукање имало на аеродромските писти, а двата аеродроми се надвор од употреба – пишува сирискиот весник Ал Ватан.

Засега нема повеќе детали.

Израелската армија, да потсетиме, во вторникот на својата сметка на социјалната мрежа Х изјави дека од правец на Сирија врз Израел биле испукани неколку гранати.

– Евидентирани се неколку лансирања од сириска територија кон израелска територија. Некои од нив преминале на израелска територија и очигледно паднале на отворен простор – навеле ИД.