Интересна понуда за Лука Модриќ

 Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ доби интересна покана да се врати во тимот на Динамо Загреб.

Договорот на 38-годишниот хрватски играч за врска со Лос Бланкос истекува на крајот од сезоната и голема е веројатноста тој да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Модриќ е дете на загрепскиот клуб, кој се приклучи на школата како 15-годишник во 2000 година. Клубот го продаде на Тотенхем во 2009 година за 16,5 милиони фунти, откако претходно освои три последователни титули со тимот од Хрватска.

Во тековната сезона, светскиот вицешампион од 2018 година почесто седи на клупата на Реал, откако одигра само четири цели натпревари.