Изралеските сили го бомбардираа резервоарот за вода во Рафа, на југот од Појасот Газа

– Израелските воздухопловни сили рано утринава изведоа повеќекратни напади во градот Рафа на југот од Појасот Газа, а меѓу целите на нападите беше и резервоарот на јавниот водовод.

Локалната ТВ Ал-Акса објави дека израелските авион го бомбардирале јавниот резервоар за вода кој со вода снабдува неколку квартови источно од Рафа.

Бомбардирани се и два рибарски брода кои во потполност изгореа на брегот.

Паралелно со тоа, репортерот на Al Jazeera извести дека израелските сили ги бомбардирале и соларните панели во Газа, кои се единствениот извор на електрична енергија за населението.

Друг израелски воздухопловен напад го онеспособи примарниот генератор за електрична енергија во болницата Ал Вафа во Газа.