Изречени казни за пресметката Реал – Партизан: Четворица суспендирани, Муса без санкција

Евролигата денеска донесе одлука за казните за бруталната тепачка која го прекина синоќешниот втор бараж натпревар помеѓу Реал Мадрид и Партизан, а босанскиот кошаркар Џанан Муса остана без санкции.

Двата клуба беа казнети со по 50.000 евра, а најлошо помина играчот на Реал, Гершон Јабуселе, кој доби суспензија од пет натпревари.

Два суспензија доби Кевин Пантер од Партизан, а по еден натпревар Габриел Дек (Реал) и Матијас Лесорт (Партизан), со напомена дека нема право на жалба.

Да потсетиме, по прекршокот на Љул врз Пантер на 1 минута и 40 секунди до крајот на натпреварот, се степаа капитенот на Партизан и легендата на Реал.

Набрзо се вклучија и останатите играчи, а целиот хаос го започна Дек, кој со тупаници почна да ги удира Ексум и Пантер.

Следела општа тепачка каде не се знаело кој кого удира, а потоа Јабуселе со ММА потег дивјачки го фрлил Данте Ексум на подот и тешко го повредил.

Епилогот беше дека вкупно 21 играч на двете страни беа исклучени и натпреварот беше регистриран со резултатот кој важеше во моментот на тепачката (95:80).