ИМА МРТВИ ВО ГОЛЕМИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА: Страшна вест по силно тресење на земјата СТИГНА НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ (ФОТО/ВИДЕО)

Има мртви во разорните земјотреси кои дење ја погодија Јапонија!

Државната телевизија НХК неофицијално наведува дека е потврдена смртта на две лица по разорниот земјотрес со јачина од 7,6 степени.

NHK не даде никакви информации за околностите на нивната смрт.

Агенцијата Кјодо повикувајќи се на локалните власти наведува дека има повеќе од 30 повредени.

Серија силни земјотреси, за потсетување, денеска околу 16 часот по локално време ја погодија западна Јапонија, а најсилниот, според проценката на агенцијата, бил со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресите предизвикаа значителни штети и цунами со бранови повисоки од еден метар на некои места, додека населението во погодените области беше повикано да се евакуира на повисоките места.

Последниот во серијата земјотреси ја погоди јапонската префектура Ишикава околу 23 часот по локално време.

Повеќе од 50 земјотреси ја погодија Јапонија за речиси седум часа, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека сè уште постои „многу висок ризик“ од уривање на згради и дека силното тресење на земјата може да продолжи во следните „два до три“ дена.

Претставник на агенцијата предупредува дека цунами се уште се снимаат долж брегот и ги повика жителите да не се враќаат дома.