Им ги крадел гаќите на комшивките, се самозадоволувал па ги закачувал на дрво: Шокантен скандал – “Алкохолот ме тераше на перверзија”

Украл долна облека од соседите, ја користел за да си ужива и на крајот ја закачил на бамбус.

Тајландската полиција пред десет дена конечно му стави крај на момчето кое им крадеше долна облека на соседите, мастурбираше со неа и на крајот ја обесуваше на бамбус. Полицијата интервенираше откако голем број локални жени во северната провинција Камфенг Пет се пожалија дека недостасуваат речиси стотина пара долна облека, објави КаоСод.

Мештаните го фотографирале невообичаено украсениот бамбус и го објавиле на социјалните мрежи, а полицијата по акцијата ја известила јавноста дека го уапсила 27-годишниот насилник. Несреќниот маж признал дека украл долна облека и ја користел за самозадоволство, а тврдел дека кон таков грев го довело конзумирањето алкохол.

Секогаш кога пиев, ме обземаше силна сексуална желба“, рече тој во своја одбрана. Полицијата соопшти дека досега шест жртви се пожалиле на властите, жени кои на лице место пронашле долна облека, а сите други девојки биле повикани да застанат покрај бамбусот и да видат дали на него има закачено нешто што им припаѓа.

Toj е обвинет за кршење на член 335 од Кривичниот законик и се соочува со затворска казна до пет години. Зборувајќи за Тајланд и перверзните, да додадеме дека само два дена претходно, една жена од јужната провинција Сонгхла поднела полициска пријава против маж што забележала како упаднал во нејзината куќа. Немал намера да украде ништо, но го привлекла идејата да и го душка задникот и да и ги лиже чевлите , пишува Тајгер.