Истрага и притвор за дилер на дрога и психотропни супстанции од скопски Илинден

 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, при претрес во домот на осомничениот во Илинден, полицијата пронашла 538 грама марихуана, потоа 320,64 грама амфетамин, како и 6,9 грама психотропна супстанција МДМА. Заедно со дрогата била одземена дигитална вага и парични средства за кои постои сомнение дека биле остварени со илегална продажба на дрога.

-Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и со решение му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена, се вели во соопштението.​