МЕСИ ОБЈАВИ ШОКАНТНИ 37 СЕКУНДИ: Се кае за се, сега веќе НЕ СЕ ПРАШУВА, еве што кажа (ВИДЕО)

Целата планета беше шокирана кога се појави информацијата дека ПСЖ го суспендираше Лионел Меси , еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Аргентинецот отпатува во Саудиска Арабија на два дена без дозвола на клубот, поради што доби забрана од две недели да тренира со тимот, да игра натпревари и за тој период ќе биде без плата.

Неколку дена по суспензијата, Меси се огласи на социјалните мрежи каде објави видео во кое објаснува што се случило.

„Здраво, сакав да го снимам ова видео поради тоа што се случува. Најпрво им се извинувам на соиграчите и клубот. Искрено мислев дека ќе имаме слободно време по напорните натпревари од претходните недели. Го рганизирав ова патување во Арабија уште порано и не можев да го откажам. Повторно се извинувам за тоа што го направив и ја чекам одлуката на клубот. Ништо повеќе, прегратка“, изјави Меси.

Во меѓувреме, фановите се бесни на однесувањето на поранешната ѕвезда. Тие во средата се собраа пред стадионот „Парк Принцева“, каде на луѓето од клубот јасно им порачаа дека повеќе не сакаат да го гледаат Лионел.

Тие потоа отидоа чекор понатаму, односно во куќата на Нејмар, каде исто така го изразија своето незадоволство.