Исчезнаа двајца тинејџери! Семејствата молат за помош: Сине, дојди дома, мајка ти те моли!

Александар Ј.(16) и Никола М.(14) од Сремска Митровица исчезнале пред неколку дена, а нивното исчезнување било пријавено во полиција во понеделникот на 5 февруари. На социјалните мрежи кружи апел за каква било информација за нив.

-Исчезнувањето на двајца тинејџери е пријавено во полиција на 5 февруари и интензивно се работи на нивно пронаоѓање – соопштија од ПУ на Сремска Митровица.

Како што рече Милена Мијатовиќ, мајката на исчезнатиот Никола, последен пат го видела својот син во саботата околу 21 часот.

– Утрото кога се разбудив, го немаше. Бидејќи воопшто не се појави, почнавме да го бараме, го баравме низ цела Митровица и Лаќарко, но залудно. Слушнавме дека и семејството на неговиот другар Александар го бара и поврзавме дека можеби заедно побегнале некаде. Со ова го молам мојот син да се врати дома каде и да е и што и да направил. Сине, дојди дома, мајка ти те моли – низ солзи вели Милена Мијатовиќ, мајката на исчезнатиот Никола.

Никола беше облечен во сив дуксер, темно сина тренерка, црна јакна и шарени патики. Момчето со себе понело мобилен телефон со картичка на мајка му, но телефонот е исклучен од неделата.

Момчињата исчезнаа во исто време

Според членовите на семејството на социјалните мрежи, Александар и Никола исчезнале во неделата околу пет и пол и оттогаш им се губи секаква трага.

Се замолуваат сите кои ги виделе да го пријават случајот во најблиската полициска станица.