ИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА: Поранешниот голман на Англија поради внатрешно крварење заврши во болница, а го пропушта денешното дерби
Поранешниот голман на Англија, Џек Батланд се соочи со сериозни здравствени проблеми пред големото дерби на неговиот Ренџерс, „Олд Фирм“ против Селтик денеска.
Ренџерс денеска од 16 часот на стадионот Ајброкс го пречекуваат својот најлут ривал, а Батланд синоќа заврши во болница поради внатрешно крварење во ногата.
Батланд бил лекуван и останал под опсервација во текот на ноќта, пред да биде пуштен утрово. И покрај ова лекарскиот тим на Ренџерс му забрани настап на денешното дерби.
Батланд има 31 година и целата кариера ја помина на Островот каде бранеше за бројни тимови како Манчестер Јунајтед, Стоук, Кристал Палас, Бирмингем, Лидс, Дерби и Барнсли.
За репрезентацијата има забележано 9 настапи, а најмногу беше резервна опција како втор или трет голман во ростерот на Горди Албион.