И Тито се плашеше од него а тој го штитеше Аркан! Беше втор најмоќен човек во СФРЈ, се верува дека организирал многубројни убиства на политичари (фото)

Стане Доланц беше едно од најзначајните имиња на политичката комунистичка сцена на СФР Југославија за време на владеењето на Јосип Броз Тито, но и по смртта на маршалот. За Доланц се зборуваше дека дури и Тито се плашел од него, а бројни индиции укажуваат дека организирал убиства на политичките противници, како и неподобна емиграција.

Стане Доланц, роден 1925 година во Храстник, Словенија. Од 1971 до 1978 година бил секретар на Извршното биро на Претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија, од 1982 до 1984 година Сојузен секретар за внатрешни работи и член на претседателството на СФРЈ од 1984 до 1985 година

Во исто време, тој беше постојан член на Сојузниот совет за заштита на уставниот поредок, со кој претседаваше во втората половина на 80-тите.

Стане Доланц важеше за сива еминенција на федералната полиција и Тајната служба и сите се плашеа од него.

Медиумите го окарактеризираа како „втор човек“ на СФРЈ, веднаш по Тито, а Доланц дури успеа да излезе од сенката на Маршалот, поради што Јованка Броз отворено го мразеше.

Во раните 1980-ти, опозицијата го памети по чистките, бидејќи како Министер за полиција се залагаше за прогон на интелектуалците, а обвинет е дека нарачал убиства на членови на југословенската политичка емиграција во странство.

Тогаш Аркан се појавува како негов човек, кој може да одговори на неговите желби и барања.

Бројни материјални докази сведочат дека еден од агентите на Федералната служба во времето на Станет Доланц, меѓу другите, бил и Жељко Ражнатовиќ Аркан. Тој беше практично целосно заштитен од кривично гонење од страна на српската полиција: јавната и државната безбедност. Причина за тоа е довербата што ја стекнал кај Федералната полиција, извршувајќи различни задачи за нив.

Аркан првпат во српската јавност се појави во 1983 година, откако рани двајца полицајци кои дојдоа да го уапсат врз основа на потерница распишана по него од страна на холандската полиција.

Обвинителот Милутиновиќ ранувањето на двајца полицајци го окарактеризира како самоодбрана на Аркан, иако и двајцата полицајци како последица на повредите завршиле на инвалидска пензија.

Друг настан кој сведочи за заштитата што Аркан ја уживал кај Доланц се случил на почетокот на војната во 1990 година. Имено, откако Аркан и неколку пријатели вооружени со бомби и автоматско оружје биле заробени во Хрватска, Доланц договорил нивно ослободување и враќање во Белград.

– Кога еднаш го прашав дали работи за тајните служби, тој луто ми одговори:

„Посакувам никогаш повеќе да не ме прашаш тоа во мојот живот“. Секогаш го негираше тоа. Но, некои негови пријатели од тајните служби, кои соработуваа со него, подоцна ми кажаа дека Стане Доланц се дружел со неговиот татко, дедо ми Вељко, кој го прашал Доланц: „Ајде, помогни ми, имам син, тој е способен, но е проблематичен. Мислам дека ако го ставиш некаде, тој би бил многу добар за работа“. Доланц подоцна се сметаше за еден од главните заштитници на Аркан – изјави синот на Аркан, Војин, гостувајќи во една ТВ емисија.

Доланц почина во 1999 година по долго и тешко боледување.