И 12 ГОДИНИ ПО СМРТТА ПРЕДИЗВИКУВА “ЗЕМЈОТРЕС“ – Писмото на Осама бин Ладен до САД експолдираше во јавноста, а тинејџерите масовно го споделуваат !?

Дваесет и две години по нападите на 11. септември на Светскиот трговски центар во Њујорк и 12 години откако беше убиен од американските специјални сили додека се криеше во Пакистан, екс. лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, повторно се најде на насловните страници во американските медиуми.

Децениското „A letter to America“ („Писмо до Америка“) на Осама бин Ладен почна да кружи на Интернет веднаш по нападите во 2001 година, особено меѓу екстремистичките исламистички организации, а првпат беше објавено во весникот The Guardian во 2002 година.

Во писмото упатено до САД и Американците, Осама бин Ладен остро ја критикува американската Влада, вклучително и нејзината поддршка за создавањето на Израел, што тој го нарекува „едно од најголемите злосторства“.

По новата ескалација на насилството на Блискиот Исток, во која палестинската милитантна група Хамас во ненадеен напад уби 1.200 луѓе, а потоа Израелците возвратија со напад на Појасот Газа во кој досега загинаа 12.000 луѓе, писмото на Осама бин Ладен почна да кружи повторно на Интернет.

слика
Осама бин Ладен

На социјалната мрежа Тик Ток во кинеска сопственост, десетици корисници – вклучително и многу членови на генерацијата Z, кои го сочинуваат мнозинството од корисниците на апликацијата – почнаа да објавуваат видеа цитирајќи извадоци од писмото и кажувајќи како тоа наводно им дало нова перспектива за историскиот контекст зад 11. септември.

Делови од писмото во кое се критикува поддршката на САД за Израел одекнаа кај некои корисници, во време кога луѓето ширум Запад стануваат сè покритични кон израелската Влада.

Корисниците на Тик Ток ја опишаат работата на Осама бин Ладен како „писмо што ги отвора очите“, а некои дури отидоа дотаму што велат дека терористичкиот напад на т.н. „кули близначки“ во Њујорк е добра работа.

Објавите набрзо станаа вирални, а CNN вели дека видеата во кои се дискутира за писмото собрале 14 милиони прегледи.

Социјалната мрежа Тик Ток вети дека ќе го запре овој тренд, бидејќи ги крши нивните правила за поддршка на каква било форма на тероризам.

Во четвртокот, тие додадоа дека работат на „проактивно и агресивно отстранување на оваа содржина“ и истражуваат како истата се нашла на нивната платформа и го отстраниле хаштагот #lettertoamerica од нивната функција за пребарување.

Но, тие исто така избегнуваат да ја преземат вината, велејќи дека феноменот на луѓе кои објавуваат содржини со симпатии на Осама бин Ладен не е единствен за Тик Ток и се појавува на повеќе платформи и медиуми, пишува Politico.

The Guardian во четвртокот го отстрани целосниот транскрипт од писмото на Осама бин Ладен, првпат објавено на Интернет од левичарскиот британски весник во 2002 година, заменувајќи го со кратка верзија.

Затоа решивме да го отстраниме и наместо тоа да ги насочиме читателите кон написот во весникот што првично го контекстуализираше“, се вели во соопштението на весникот.

Со отстранувањето на писмото од својата веб-страница, The Guardian само го поттикна интересот на луѓето и придонесе тоа да стане уште повирално.

Политичарите во САД беа груби. Портпаролот на Белата куќа порача дека – „никој никогаш не треба да ги навреди 2.977 американски семејства кои сè уште ги тагуваат саканите со тоа што се поврзуваат со гнасните зборови на Осама бин Ладен“.

Особено сега, во време на пораст на антисемитското насилство во светот, а веднаш потоа терористите на Хамас го извршија најлошото колење на еврејскиот народ од холокаустот во име на истите теории на заговор“, нагласи портпаролот на Џо Бајден.

Неколку пратеници од целиот политички спектар ја обвинија апликацијата во кинеска сопственост за ширење антиамериканска пропаганда и повикаа да се блокира.

Демократскиот претставник Џош Гетхајмер вели дека Тик Ток ја турка протерористичката пропаганда за да влијае на Американците и повика таа да биде „забранета или продадена на американска компанија“, додека републиканскиот сенатор Џош Хејли го опиша Тик Ток како „гејзер на терористичка пропаганда“ и најмногу ефикасна алатка за надзор на странските влади некогаш измислена.

The Guardian го отстрани преписот од писмото, но извадоци и целосниот текст сè уште може да се најдат на различни страни на Интернет, а можете да го погледнете ТУКА.