Каде е човекот кој откри каде е Палевски? Ги разоткри една слика од фејсбук

Струмичанецот Стефан Д. е возачот кој од Белград до граничниот премин до Турција го превезе Љупчо Палевски Палчо, осомничен за убиството на 14-годишната Вања.

Тој вчера бил уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојран.

Сликата која на мрежите ја објави човекот кој го возел Палевски

Според нив, тој самиот објавил слики од рутата на Фејсбук истиот ден кога се возел со осомничениот убиец Палчо.

Откако бил уапсен на граничниот премин, тој детално ги објаснил плановите и локациите на бегалецот каде ќе престојува во Турција, по што, според извори од истрагата, македонската полиција ја известила турската полиција да го уапси.

Тој е во притвор.