КАКОВ БАКСУЗ! 6 месеци се подготвувал да запроси девојка, а потоа дојде УЖАС пред девојката

Не му е лесно.

Нико Владез шест месеци планирал како да ја запроси својата долгогодишна девојка Кристина, со која наскоро ќе добие дете. Планирал се до последен детаљ, но романтичното запросување за Ник се претворило во вистинска ноќна мора!

Кога клекнал пред идната невеста, му испаднал свршеничкиот прстен. Во паника се свртел наоколу обидувајќи се да го најде на тротоарот, а набрзо му се придружила и девојка која во првите неколку секунди со неверување ја гледала целата сцена.

Несреќниот Ник го испуштил прстенот бидејќи рацете му се треселе од возбуда, а бидејќи накитот бил успешно пронајден, Кристина се согласила да се омажи за него.

На крајот после сето тоа парот отишол на натпревар во Далас бидејќи тоа е омилениот клуб на неговата вереница. Затоа позираа со минијатурни дресови за идното бебе.