Како да не ни се смрзнуваат нозете и на -30 степени!? Русите имаат одлична финта, сите го фрламе, а може да ги стопли дури и чевлите

Трик што Русите постојано го практикуваат ќе ви помогне да ги загреете стапалата во чевли дури и кога надвор е -30. Потребно ви е само едно нешто што сите го фрлаат…

снег, зима, снежна бура

Дали и вам стапаката лесно ви стануваат ладни иако носите зимски чевли? По топлиот декември, многумина од нас не се подготвени за снег и мраз.

Од градски превоз кој работи побавно, до слоеви облека што е исклучително тешко да ги носите на грб, до чевли кои, колку и да се добри и со волна во внатрешноста и наводно топли, сепак не можат да ни ги загреат нозете – излегувањето од дома на ова време е сè освен пријатно!

Но, постои трик како да ги загреете стапалата кога надвор е минус, а сè што ви треба е некој предмет што сигурно го имате низ дома.

Кога го пиеме сокот, логично е празниот тетрапак да го фрлиме во канта. Но, не правете го тоа, постои одличен начин да го искористите! Овој трик Русите го практикуваат постојано во зима, а ќе ви помогне да создадете „изолација“ во чевлите и чизмите и со тоа да спречите да ви замрзнат стапалата.

Златибор, снег

Прво исечете го и отворете го тетрапакот, убаво измијте го и исушете го. Потоа на него нацртајте го обликот на влошката за чевли и исечете го. Отстранете ја влошката од чевлите или чизмите што ги носите во зима, а потоа ставете ја онаа што сте ја направиле од тетрапак со фолијата свртена нагоре. После тоа, вратете ги „оригиналните“ влошки на нивното место, над оние што сами сте ги направиле. И тоа е сета мудрост! Ваквата влошка ќе ја задржи топлината неверојатно добро и ќе спречи студот да навлезе во ѓонот и да ги лади вашите стапала.