Карлеуша има кралско потекло! Нејзината баба била грофица но малкумина го знаат овој факт: Нејзините предци владееле со овој дел на светот (фото)

Јелена Карлеуша е српска поп-фолк пејачка и една од најконтроверзните пејачки на балканската естрада.

Таа со своето однесување, изјави и настапи го оправда прекарот „девојка за скандали“. Таа нема влакна на јазикот, па често доаѓа во конфликт со колегите.

Таа била многу непослушно девојчњ, сакала да се качува на дрвја и брзо да вози велосипед. Мислела дека има натприродни моќи, а и до ден денес не ѝ е јасно како не скршила коска при нејзините бројни акробации. Сакала да отвори засолниште за напуштени кучиња и мачки за кои треба да се грижи.

Бидејќи таткото на Јелена е инструктор по водени спортови, таа уште од рана возраст почнала да тренира скијање на вода и нуркање. Одела на различни експедиции низ Јадранот и го проучувала прекрасниот подводен свет. Никогаш не ги срамела родителите кога биле на гости, ниту пак се однесувала разгалено, што ги правело многу горди на неа.

Повеќе сакала да биде во друштво на постари луѓе со кои разговарала, додека нејзините врсници воопшто не и’ биле интересни. Таа тврди дека меѓу нив се чувствувала како вонземјанка во кокошарник, што го објаснува со нејзиниот коефициент на интелигенција од 153 на тестот.

Имено, нејзината прабаба од страната на нејзината мајка била австриската грофица Марија Фон Диец, која има своја улица во Грац.