Карлсон откри колку пари Борис Џонсон му побарал за интервјуто

Американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон би се согласил на интервју со него само доколку добие хонорар од еден милион долари.

Американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон би се согласил на интервју со него само доколку добие хонорар од еден милион долари.
За The Blaze, тој го спореди своето искуство со интервјуто со Путин со обидот да разговара со Џонсон, кој го нарече поранешниот водител на Фокс „кукла на Кремљ“.

– Во Москва сум, чекам да направам интервју, се дозна, а веднаш Борис Џонсон ме осуди – изјави Карлсон.
Тој додаде дека побарал да направи интервју со Џонсон затоа што тој постојано го прозива.

Во надеж дека Џонсон „ќе му ја објасни својата позиција за Украина“, Карлсон рече дека наскоро го контактирал штабот на Џонсон, од каде му било кажано дека поранешниот премиер ќе се согласи на интервју – но само под еден услов.

  • Конечно ми се јави советникот и ми рече: Ќе разговараат со тебе, но тоа ќе те чини милион долари. Сака милион во американски долари, злато или биткоин – ова се случи вчера или пред два дена! – изјави Карлсон.

Карлсон нагласи дека Путин не му побарал милион долари.

Џонсон беше силно критичен кон двочасовниот разговор на Карлсон со Путин, пишувајќи жесток авторски текст во Дејли Мејл набргу по емитувањето на интервјуто.