„КЕЈТ БЕШЕ БРЕМЕНА ОД НЕГО, А ТОЈ БИЛ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ПОД МИСТЕРИОЗНИ ОКОЛНОСТИ“ Ова е најскандалозната теорија на заговор за принцезата!?

На теориите на заговор за Кејт Мидлтон не им се гледа крајот. За тоа придонесе и неодамнешната фото-монтирана фотографија, на Денот на мајката, на принцезата од Велс со нејзините деца, Шарлот, Џорџ и Луис. Ниту нејзиното признание дека ја уредила сликата и извинувањето не ги смири страстите. Контроверзите се вртат, а една од поновите ги надминува сите останати.

Експертите ја предупредија палатата дека за да спречат нови теории на заговор, треба да откријат повеќе детали за Кејт Мидлтон, како и за кралот Чарлс, а потоа да реагираат на фијаското со фотошопот, директно со нова фотографија, но кралскиот двор тоа не сакаше да го послуша. Да потсетиме, принцезата имаше операција на абдоменот во Лондон, додека кралот Чарлс боледува од рак.

А новата теорија на заговор, која е многу поскандалозана од сите предходни, го кажува следното… Кејт Мидлтон очекувала дете со Томас Кингстон, кој неодамна беше пронајден мртов во Глостершир, а наводната бременост е главната причина за мистеријата што ја следи принцезата, и смртта на овој член на кралското семејство. На Тикток е забележано дека тој бил поранешно момче на Пипа Мидлтон, сестра на принцезата од Велс, и дека и по раскинувањето на таа врска тој бил во постојан контакт со Кејт и дека контактирал со неа откако таа била оперирана.

На Тикток коментираат дека таквите теории на заговор се надвор од контрола, но се прашуваат и што е следно. Некои велат дека уживаат во овој хаос околу принцезата, додека други забележуваат дека не е во ред да се изнесуваат такви тврдења.

Ситуацијата сега е вистинското поле за теоретичарите на заговор да го кажат својот збор. И ова е крајно контроверзна претпоставка која имплицира дека Кејт го изневерувала Вилијам, со кој е во брак од 2011 година и со кој има три деца. Но, тоа исто така сугерира дека нешто чудно се случило со смртта на Кингстон.

@geezerontok Was Kate Middleton pregnant with Thomas Kingstons baby #uk ♬ Suspenseful and tense orchestra(1318015) – SoLaTiDo

Кој е Томас Кингстон кого го „врзуваат“ со Кејт Мидлтон

Кингстон беше сопруг на Лејди Габриел Виндзор, ќерка на принцот Мајк од Кент и принцезата од Кент, која беше во центарот на голем скандал пред неколку години. Сè се случи во 2017 година кога Меган Маркл и принцот Хари се верија. На предбожиќниот ручек организиран од британскиот двор за да го запознае семејството со војвотката од Сасекс, принцезата од Кент се појави со скандалозен брош. Станува збор за таканаречениот „blackamoor“ кој прикажува Африканци. Накитот го симболизира фетишот кон ропството и заробеништвото. Деталот сам по себе е скандалозен, а со оглед на тоа дека Меган е со афроамериканско потекло, некои овој потег на принцезата го протолкуваа како директна навреда за избраничката на Хари.

Принцот Мајкл од Кент е 52-ри по ред за круната, близок роднина на покојната кралица Елизабета Втора преку нивните татковци кралот Џорџ VI и принцот Џорџ, војводата од Кент.

Лејди Габриела (56-та во редот за тронот) и Томас Кингстон се во врска од 2015 година, а во 2018 година Бакингемската палата објави дека се вериле. Тие се венчаа во 2019 година во Виндзор, Елизабета Втора, принцот Хари, принцот Филип, принцот Ендру и нивните семејства беа на свадбата.

Палатата ја објави и веста дека Томас е пронајден мртов, имал 45 години. Тоа се случи на 27 февруари. Бил пронајден со рана од куршум во главата. Неговата смрт не се третира како сомнителна. Лејди Габриела по трагедијата изјави дека нејзиниот сопруг е „извонреден човек кој им ги разубави животите на сите што го познаваат“.

Томас Кингстон дипломирал на Универзитетот во Бристол, во 2011 година бил во кратка врска со сестрата на Кејт Мидлтон, Пипа Мидлтон. Тој се појави во 2017 година на нејзината венчавка со Џејмс Метјуз, со кој таа има три деца. Работел како финансиски аналитичар и директор на Девонпорт Капитал.

„Не се плашеше од ништо“

Тој беше стациониран во Багдад, Ирак, каде што работеше со Единицата за дипломатски мисии на Обединетото Кралство и на Министерството за надворешни работи и беше задолжен да обезбеди ослободување на заложниците во раните 2000-ти.

Кингстон бил дел од специјален тим кој се занимавал со преговори за заложници. „Тој никогаш не се плашеше, што и да барав од него, тој ќе го направи тоа со широка насмевка на лицето, изјави Ендрју Вајт, поглавар на единствената англиканска црква во Ирак, по неговата смрт. И додаде дека Томас бил посветен на христијанството, пренесува aol.com.

Gloucestershirelive.co.uk објави дека Кејт и Вилијам се вознемирени поради смртта на Кингстон и ја нудат својата поддршка на неговата сопруга.

Принцот Вилијам присуствуваше на погребот на Кингстон.

Вилијам присуствуваше на последното збогување на Томас Кингстон, кое започна во палатата Кенсингтон, потоа собирот продолжи во палатата Сент Џејмс, а потоа во Кралската капела каде беше организиран приватен погреб, пишува Дејли Мејл.