КИВАЊЕ, ТЕЧЕЊЕ НА НОСОТ, ЧЕШАЊЕ ВО И ОКОЛУ ОЧИТЕ – ОВА се неколку ЧАЕВИ кои ќе ви помогнат против симптомите на пролетните АЛЕРГИИТЕ

Домашните чаеви се многу ефикасни за ублажување на симптомите на пролетните алергии, а еве кои се најдобрите.

Пролетните алергии веќе почнаа да нѐ мачат, па огромен е бројот на оние кои деновиве се борат со кивање, течење на носот, чешање во и околу очите… Постојат лекови кои помагаат во ублажување на симптомите на алергија, но и некои билни чаеви можат да ви помогнат во тоа.

Чај од коприва

Копривата можеби буди непријатни спомени од детството, но многумина не знаат дека ова растение е многу лековито и дека е речиси чудесно кога се во прашање природните лекови за алергии.

Чајот од коприва има антиинфламаторно дејство, а ќе ви помогне и кога носот ви е затнат.

Истражување спроведено во кое учествувале 40 доброволци покажа дека луѓето кои консумирале екстракт од корен од коприва имале многу помалку симптоми на алергија во споредба со оние кои земале плацебо.

Зелен чај

Овој чај е познат по бројните здравствени придобивки, од помагање за регулирање на крвниот притисок, до намалување на ризикот од многу болести. Содржи и антиоксиданси наречени полифеноли, кои помагаат во ублажување на симптомите на поленска треска.

Исто така, зелениот чај содржи катехин, кој има антиинфламаторно дејство и помага во отворање на дишните патишта, кои се отечени во сезоната на алергии.

Чај од нане

Многу вкусниот чај со освежителна арома помага за отворање на дишните патишта, што е многу важно во сезоната на пролетни алергии.

Истражувањата врз животни покажаа дека овој пијалак може да помогне при отежнато дишење и затнат нос, благодарение на антиинфламаторните состојки и препознатливиот, оживувачки мирис.

За да го направите овој чај што е можно поефективен во ублажување на симптомите на алергија, можете да додадете малку мед и трошка куркума. И двете од овие состојки дополнително ќе го намалат воспалението и симптомите на алергија.