КИНЕСКИ САТЕЛИТИ ГО “ВОДЕЛЕ” БУНТОТ ПРОТИВ ПУТИН!? Пригожин купил две системи за 30 милиони долари, прво ја снимал Украина, а потоа и РУСИЈА!?

Во 2022 година, руската платеничка групација „Вагнер груп“ потпишала договор со кинеска компанија за набавка на два сателити и за користење на нивните снимки, со чија помош разузнавачки било поддржувано напредувањето на вагнеровците за време на руската инвазија на Украина.

„Москва тајмс“ пренесува дека тоа е напишано во документот до кој имал пристап АФП.

Се наведува дека договорот е потпишан во ноември 2022 година, повеќе од половина година пред почетокот на инвазијата во која „Групата Вагнер“ под водство на нејзиниот основач Евгениј Пригожин одигра клучна улога на бојното поле.

Сателитските снимки биле користени и за да им помогнат на операциите на „Вагнер“ во Африка, па дури и во неуспешниот бунт во јуни (оваа година), а по неговиот прекин де факто дојде до распаѓање на оваа група, а потоа следуваше и загинувањето на Пригожин и на неколку други клучни фигури во авионската несреќа во август – брифирал за АФП европски безбедносен извор.

Според договорот на англиски и руски јазик, во кој имала увид оваа агенција, а кој беше потпишан на 15 ноември 2022 година, компанијата „Beijing Junze Technologies“ и продала два сателити за надзор со висока резолуција на компанијата „Ника-Фрут“, која во тоа време била дел од деловната империја на Пригожин.

Се наведува дека сателитите припаѓале на Chang Guang Satellite Technologies (CGST), кинески гигант во вселенската индустрија.

Според АФП, за самите сателити и за дополнителни услуги биле платени повеќе од 30 милиони долари (235 милиони јуани).

Договорот вклучуваше и обезбедување на снимки по барање, што му овозможи на „Вагнер“ да добива сателитски снимки и од Украина и од областите во Африка каде што беа активни руски платеници, вклучувајќи ги Либија, Судан, Централноафриканската Република и Мали – изјави за АПФ европски безбедносен извор, кој побара да остане анонимен.

Според тој извор, „Вагнер“ уште во мај годинава наредил сателитски снимки на руската територија и областа по должината на трасата меѓу украинската граница и Москва, која Вагнеровците ја окупирале на крајот на јуни, за време на краткотрајниот бунт.

Се потсетува дека бунтот беше запрен во рок од 24 часа и означи дефинитивен раскол меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Пригожин.

АФП наведува дека нарачувањето сателитски снимки од руска територија не е споменато во договорот и агенцијата не може независно да го потврди тврдењето на својот извор.