Книгата обложена со човечка кожа и понатаму мистерија во Казахстан

Прекриено со човечка кожа од грб, делото од 330 страници, напишано на стар латински во 1532 година, е изложено во Музејот на ретки книги во Националната академска библиотека во главниот град Астана.

Древниот латински ракопис, обложен со човечка кожа, останува мистерија во Казахстан.

Прекриено со човечка кожа од грб, делото од 330 страници, напишано на стар латински во 1532 година, е изложено во Музејот на ретки книги во Националната академска библиотека во главниот град Астана.

Книгата ѝ е донирана на библиотеката од приватен колекционер во 2014 година и оттогаш е изложена во музејот, изјави Молдир Толепбај, експерт во Одделот за наука при Националната академска библиотека.

„Книгата, која му припаѓа на северноиталијански нотар по име Петрус Пуардус, напишана е на старолатински јазик во 1532 година. Се состои од вкупно 330 страници, но до овој момент експертите успеале да ги прочитаат само првите 10 страници“, додаде таа.

Толепбај нагласи дека книгата се состои од податоци за влезни и излезни сметки, кредит и хипотека, но дека ракописот не е целосно дешифриран.

„Работата е испитана во лабораторијата на Националниот центар за медицински науки во Астана. Утврдено е дека книгата има повез од човечка кожа од грб“, истакна таа.

Националната академска библиотека чува околу 13.000 ретки книги, вклучително и посебни книги направени од змиска кожа, скапоцени камења, свилена ткаенина и златен конец.