Коалициите „ГЕРБ-СДС“ и „ПП- ДБ“ се договорија Росен Зелјазков да биде претседател на бугарското Народно собрание

– Двете коалиции во Бугарија, кои имаа најмногу освоени гласови на предвремените парламентарни избори од 2 април, „ГЕРБ-СДС„ и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) се договорија Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС да биде избран за претседател на 49. Народно собрание, соопшти попладнево Десислава Атанасова од ГЕРБ-СДС на брифинг во бугарскиот Парламент.

-Очекуваме утре да имаме избран претседател на Собранието, за да почне со работа Народното собрание, изјави Николај Денков од ПП-ДБ.

Двете политички коалиции договорија заедничка законодавна програма, како и изборот на претседателот на Народното собрание и правната комисија да биде врз ротациски принцип.

-По неколкудневните разговори, ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ веќе подготвија заедничка законодавна програма за работата на 49. Народно собрание, најави Десислава Атанасова. Втората тема е изборот на претседател на Народното собрание, се договоривме тоа да биде господинот Росен Желјазков, посочи таа.

„Изборот на претседател на комисијата за правни работи е на ПП-ДБ и го чекаме нивното номинирање“, најави Атанасова.

-На почетокот се договоривме изборот на претседател на Народното Собрание и претседателот на Комисијата за правни прашања да може да биде на ротациска основа, под услов Собранието да работи повеќе од три месеци, бидејќи тоа е терминот што го прецизиравме за ротирачкото претседателство, посочи таа.

Атанасова објасни дека ротирачкото претседателство не може да биде обврзано со одлука на Националното собрание, туку е џентлменски договор меѓу двете најголеми политички сили во 49. Народно собрание.

 -Сфаќајќи дека овие напори се дел од подолг процес и подолг пат, но имајќи предвид дека колегите имаат одлуки во нивните национални тела во однос на идната влада, категорично наведуваме дека сега најважна е нашата земја и апелираме за ова. Конструктивниот тон и дијалогот да продолжи, за да биде исполнета главната мисија на секој парламент да донесе функционална редовна влада, истакна таа.