– Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Минхенската безбедносна конференција, учествуваше на затворена панел дискусија посветена на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан.
Заедно со други лидери и високи претставници од регионот, претставници на невладината и академската заедница, учесниците разговараа за предизвиците и можностите на евро-интеграцискиот пат, соопшти владината прес-служба.