Ковачевски: Од голема важност е поддршката која ја добиваме од УНДП

Од голема важност е поддршката која ја добиваме од УНДП. На средбата со Ивана Живковиќ, помошник генерален секретар и директор за Регионално биро за Европа–УНДП, разговаравме за унапредување на соработката во реализација на проекти за поквалитетен живот на граѓаните. УНДП и во иднина ќе продолжи со поддршка на зелено финансирање, демократско управување, поддршка во исполнување на стратешките цели на државата. Насоката во која се движиме и носи резултати на Северна Македонија.