Ковачевски: Топло добредојде на Жосеп Борел во нашиот преубав Охрид!

Овде сме за да дискутираме, да изнајдеме начин, да дадеме еден поттик за мир, стабилност и просперитет на регионот. Јас, како премиер на Северна Македонија, сум горд што нашата држава прерасна во фактор на стабилност на Балканот и што сме домаќини на овој историски важен настан.

Тука сме да помогнеме и да им дадеме поддршка на соседите преку дијалог да стигнат до најдобрите решенија. Oчекуваме продуктивен викенд во Охрид.

Преку отворена комуникација и соработка можеме да ги постигнеме нашите стратешки цели. Сметам дека интеграциите во Европската Унија се клучен фактор за напредување и развој на Балканот и сите заедно мораме да работиме за да го постигнеме тоа.

Сите заедно градиме посветла иднина на Балканот!