Кога Гејтс вели…

Бил Гејтс сака супербогатите да плаќаат повисоки даноци, а сега се поголем број милијардери се согласуваат.

Во својата годишна сесија „Прашај ме нешто“ на Редит, ко-основачот на Мајкрософт рече дека е изненаден што даноците за богатите не се повисоки.

По ова, Бил Гејтс зборуваше и на Светскиот економски форум во Давос. Тој рече дека најбогатите нации треба да донираат повеќе пари за земјите во развој за да помогнат во намалувањето на нееднаквоста.

„Оние кои имаат најмногу – било да се тоа држави, корпорации или поединци – треба да се охрабрат да бидат подарежливи“, рече тој. А како што пишува Business Insider, со него се согласуваат и други супербогати бидејќи повеќе од 250 од нив потпишале отворено писмо во кое ги повикуваат светските лидери да воведат данок на богатство, пренесува tportal.

Нашето барање е едноставно: Ве молиме да не оданочете нас, најбогатите во општеството“, се вели во писмото. Покрај тоа, беше речено дека оданочувањето на богатите нема да им наштети на нивните деца, ниту суштински ќе го промени нивниот животен стандард.

Меѓу потписниците на писмото е и Абигејл Дизни, чиј дедо е Рој О.

Доколку избраните претставници на водечките светски економии не преземат чекори за справување со драматичното зголемување на економската нееднаквост, последиците за општеството ќе бидат катастрофални.

Заедно со отвореното писмо, беше објавен извештај како дел од кампањата „Горди да плаќам повеќе“, составена од Patriotic Millionaires, Patriotic Millionaires UK, TaxMeNow, Millionaires For Humanity и хуманитарната организација Оксфам. Извештајот содржи и белешка од Абигејл Дизни во која таа пишува дека направила грешка затоа што неколку пати летала со приватен Боинг 737 на релација Калифорнија-Њу Јорк.

„Се откажав од приватните летови и ја променив мојата рутина во обид да ја заштитам животната средина“, изјавила наследничката на Дизни. Покрај тоа, таа ги обвини најбогатите еден процент дека придонесуваат за климатските промени со нивните приватни авиони, мегајахти, хеликоптери, па дури и приватни вселенски ракети.