Кои намирници се најдобриот афродизијак? Тоа не е чоколадото!

Посегнете по природни решенија кога станува збор за зајакнување на вашето либидо

Афродизијаците со векови ја заробуваат човечката имагинација и се едни од омилените теми на современите научни истражувања. Последното, спроведено од научници од Онтарио, покажува дека шафранот и женшенот се најкорисни за либидото.

Дополнително, ова истражување сериозно ја нарушило репутацијата на чоколадото поради неговата магична способност. Имено, резултатите не покажале дека чоколадото има некакви афродизијачки својства. Ова откритие секако ќе растажи многу љубители на чоколадо, пишува Science Daily. 

„Иако не сум склон да верувам во афродизијаци, морам да признаам дека ова истражување покажа дека некои растенија навистина можат да му помогнат на човечкото либидо. Шафранот и женшенот се на врвот на листата“, истакна професорот Масимо Марконе, кој работеше на анализа на резултатите.

Освен што се добри за будење на сексуалната желба , шафранот и женшенот се добри и за еректилна дисфункција. Имено, двете растенија имаат својства кои можат да помогнат во машката потенција.
Во последните години се зголеми интересот за вештачки афродизијаци како што е вијаграта. Сепак, научниците забележуваат дека сите овие се хемиски агенси кои носат несакани ефекти. Затоа е многу подобро да се користат природни нешта, од кои шафранот и женшенот очигледно се најдобри.