Колку дена се потребни за да се прекине навиката или да се изгради нова? Митот за 21 ден е уништен…

Успешните луѓе не се таму случајно. Секој од нив има различни навики, кои ја прават личноста каква што е

Будење рано наутро, вежбање пред работа, фокусирање на само-подобрување, пишување книга, прекин на пушењето, намалување на консумацијата на алкохол, пиење повеќе вода, џогирање, медитација, дарежливост итн. – за сето ова е потребно време и посветеност и се работи кои го менуваат животот на секоја личност.

Но, колку време мислите дека е потребно за да го промените целиот ваш живот – или барем да создадете нова навика?

Постои мит, кој кружи уште од 1960-тите, кој вели дека се потребни 21 ден за да се смени навиката или да се формира нова, пренесува Телеграф.

Овој мит го создал хирургот Максвел Малц, кој напишал дека потребни се минимум 21 ден за пациентот да биде посвоен со новото лице во огледало, или пак, ампутираниот да дознае дека повеќе нема екстремитет.

Така, неговата теорија била погрешно протолкувана од многу психолози, кои постојано го користеле 21-дневниот предизвик за да ги мотивираат луѓето и да ги туркаат на промени.

Но, 21-дневниот предизвик останува само МИТ!

Реалноста трае многу подолго. Студијата на Филипа Лали вели дека во просек се потребни 66 дена за да се формира нова навика или да се промени лошата. Колку е потешка една навика, толку подолго е потребно – некои навики може да потраат повеќе од 245 дена за да се променат.

Така, според неа, во просек се потребни 66 дена за да се создаде навика. Најкраткото време за усвојување навика може да биде 18 дена, додека најдолгото е 254 дена.

Клучот за формирање на нови навики останува упорноста!