Компанијата „Епл“ објави остварен приход од речиси 82 милијарди долари во периодот април-јуни

– Американската мултинационална технолошка компанија „Епл“ (Apple) оствари квартален приход од 81,8 милијарди долари во периодот април-јуни, покажува нејзиниот финансиски извештај.

Приходот е помал за 1 отсто во однос на истиот период минатата година.

„Среќни сме да објавиме дека имавме рекорд на остварени приходи во Услуги во текот на јунскиот квартал, поттикнат од над 1 милијарда платени претплати, а забележавме континуирана сила на пазарите во развој благодарение на масовната продажба на iPhone“, рече извршниот директор Тим Кук.

Секторот Услуги оствари приходи од 21,2 милијарди долари за трите месеци завршувајќи заклучно со 1 јуни, што е за 8,2 отсто повеќе од 19,6 милијарди долари остварени во истиот период минатата година.

Нето-продажбата на производи, од друга страна, е намалена за речиси 4,3 отсто на 60,6 милијарди долари од 63,3 милијарди долари во однос на минатата година. Нето-приходот е малку променет и достигна 19,8 милијарди долари од 19,4 милијарди долари во истиот период минатата година.

Продажбата на iPhone падна на 39,6 милијарди долари од 40,6 милијарди долари. Продажбата на „Mac“ се намали на 6,8 милијарди долари од 7,4 милијарди долари, додека продажбата на iPad се намали на 5,8 милијарди долари од 7,2 милијарди долари.

„Епл“ постави квартален рекорд на приходи од речиси 83 милијарди долари за трите месеци што завршуваат на 25 јуни 2022 година, што компанијата го нарекува трет квартал од својата фискална година.