Најтрофејниот африкански фудбалски клуб Ал Ахли е последниот учесник во полуфиналето на Светското клупско првенство, приклучувајќи им се во завршницата на турнирот во Мароко на Реал Мадрид, Фламенго и Ал Хилал.
Во четвртфиналето синоќа во Тангер фудбалерите на египетски Ал Ахли со минимални 1-0 го совлада првакот на Северна Америка, Сиетл, а стрелец на победоносниот гол беше Афша во 88 минута.
Ал Ахли во полуфиналето, в среда во Рабат, ќе игра против европскиот првак Реал.
Во првото полуфинале, ден порано, ќе играат бразилскиот шампион Фламенго и Ал Хилал од Саудиска Арабија.
Јужноамериканскиот шампион директно се пласираше во полуфиналето, додека Ал Хилал вчера го совлада првакот на Африка, Видад од Казабланка, по подобро изведување пенали.