Конечно решена мистеријата на крвавите водопади: На научниците им требаа 100 години да откријат зошто глечерот е жар црвен (Видео)
Во белиот свет на мраз и снег, последната боја што би очекувале да ја видиме е црвената. Меѓутоа, во далечната 1911 година, за време на британската експедиција на Антарктикот, зачудените истражувачи забележале глечер како „крвари“ на замрзнатото езеро.
Тој денес е познат како „крвавиот водопад“ и на експертите им требаше повеќе од еден век за да откријат што навистина го предизвикува нивниот ужасен изглед. Кога тим американски научници зедоа примероци од глечерот Тејлор на Антарктикот во ноември 2006 година и во средината до крајот на ноември 2018 година, тие ја анализираа содржината користејќи моќни електронски микроскопи. Набрзо го пронајдоа „виновникот“.
-Штом ги погледнав микроскопските снимки забележав дека има мали наносфери кои се богати со железо – изјави научникот Кен Ливи од Универзитетот Џон Хопкинс.
Мали антички микроби
„Science alert“ пишува дека ситните честички потекнуваат од античките микроби и се една стотина од големината на човечките црвени крвни зрнца. Ги има во изобилство во топените води на глечерот Тејлор, именуван по британскиот научник Томас Грифит Тејлор кој прв го забележал крвавиот водопад на експедиција од 1910-1913 година.
Покрај железо, наносферите содржат и силициум, калциум, алуминиум и натриум, а овој уникатен состав е дел од она што солената, субглацијална вода ја обојува темноцрвена боја додека се лизга од глечерот и се среќава со светот на кислородот, сончевата светлина и топлината за прв пат после подолго време.
-За да бидат минерали, атомите мора да бидат распоредени во многу специфична, кристална структура. Тие наносфери не се кристални, така што претходно користените методи за испитување на цврстите материи не ги детектираат – рече Ливи.
„Ова не би функционирало на Марс“
Глечерот Тејлор на Антарктикот е домаќин на древна микробна заедница стотици метри под неговиот мраз, која еволуирала изолирано во текот на милениуми или можеби дури и милиони години. Како такво, тоа е корисно „игралиште“ за астробиолозите, кои се надеваат дека ќе откријат скриени форми на живот на други планети.
Но, новото откритие сугерира дека роботите како роверите на Марс можеби нема да бидат во можност да ги детектираат сите форми на живот што постојат под ледените тела на планетата доколку ја немаат соодветната опрема.
Ако, на пример, тој Марс роверот сега слета на Антарктикот, нема да може да ги открие микробните наносфери кои го обоиле црвено глечерот Тејлор. За жал, додавањето на електронски микроскоп на роверот на Марс во моментов не е можно. Тие уреди се едноставно премногу гломазни и им треба многу енергија, што значи дека примероците ќе мора да дојдат на Земјата доколку сакаме да ги проучуваме на тој начин. Новата студија е објавена во списанието Astronomy, Astrophysics and Space Science.