КОНСУМИРАЈТЕ ГО НАУТРО- Овој пијалок ќе ви помогне да ги намалите мастите од стомакот

Отстранувањето на масните наслаги може да биде многу напорно, па не е лошо да знаете неколку трикови со кои побрзо ќе ги отстраните масните наслаги, но и ќе го детоксирате телото и ќе го забрзате метаболизмот.

Овој напиток за отстранување на масните наслаги стана тренд на социјалните мрежи поради едноставното подготвување, но и неговата ефикасност.

Состојките за пијалокот се:

  • 300 милилитри вода
  • една лажица мед
  • сок од еден лимон
  • рамна лажица чиа семе

Подготовка:

За почеток, чиа семето ставете го во вода и оставете го да набабри барем еден час. Можете да го ставите претходната вечер и да го оставите во фрижидер. Потоа додадете сок од еден лимон и една лажица мед.

Овој напиток можете да го додадете во блендерот за да добиете мазна текстура, но најдобро е да го консумирате со цели чиа семе. За да делува што е можно побрзо, се препорачува да се пие наутро на празен стомак.

Сите овие состојки се одлични за здравјето на дигестивниот систем. Чиа семките се полни со растителни влакна, поради што ја подобруваат функцијата на цревата, а лимонот е познат како ефикасно средство за детоксикација за организмот, но и за здравјето на кожата.