Контроверзна сцена во Лига на шампиони: Знаменцето подигнато, играчите стојат, а голот признат?! Вакво нешто не гледате многу често

На натпреварот од последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите помеѓу Порто и Шахтјор беше забележан еден од најконтроверзните голови во историјата на натпреварувањето.

Порто на домашен терен го совлада Шахтјор со 5:3 и со тоа го потврди пласманот во осминафиналето од елитното натпреварување, а мечот го одбележа кардиналната грешка на линискиот тренер.

Во 30. минута од натпреварот Данило Сикан постигна гол за 1:1, но откако линискиот стручњак го подигна знамето и означи офсајд. Играчите на Порто застанаа веднаш штом го видоа знамето, не го дочекаа судискиот свиреж. Фудбалерите на Шахтјор не го запреа нападот, Зубов му ја додаде топката на Сикан, кој ја затресе мрежата, а судијата го потврди голот.

Фудбалерите на Порто протестираа, но залудно. Судијата покажа дека го видел сигналот на помошникот, но сметал дека нема офсајд и не сакал да го запре нападот.

За среќа, спорниот гол не го реши исходот на натпреварот.