Мадона го извади на сцена 35 години помладото момче: Потоа беше опкружена со танчерки во танга и настана вистинска перверзија на сцена (ФОТО)

Познатата Мадона успешно ја продолжува турнејата „Celebration“, која синоќа настапи во Бруклин. Некои ја критикуваа дека концертот не бил на ниво, некои велат дека го дала најдобриот настап во кариерата. Кралицата на поп – музиката ја однесе публиката на патување низ нејзината кариера – до два по полноќ. Таа имаше специјален гостин на сцената, а нејзината ќерка ја бодреше. Како и секогаш, коментарите се горчливи.

Некои ја фалат, други ја критикуваат познатата пејачка, но рамнодушни нема. Мадона синоќа го започна американскиот дел од својата турнеја во Њујорк, изведувајќи 45 песни кои опфаќаат 40 години од нејзината кариера.

Мадона

Френк Синатра кажал: „ Ако успееш тука, ќе успееш каде било“, рече Мадона од сцената.

Пејачката последните два и пол месеци ги помина на турнеја низ Европа, во саботата пристигна во Њујорк со трите деца, близнаците Стела и Естер и синот Дејвид. Тие се упатија од аеродромот до стан во Менхетен, кој е во близина на музејот Метрополитен и Централ парк.

Естер била на концертот на Мадона и одблиску го следела целиот настап. Таа за време на турнејата настапи со нејзината мајка, што предизвика негативни реакции бидејќи некои сметаат дека ваквиот стајлинг и танцување не се соодветни за нејзините години.

На Мадона синоќа на сцената и’ се придружи нејзиното момче, 35 години помладиот боксер Џош Попер од Њу Џерси, со кој започна врска по раскинувањето со Ендрју Дарнел . Романсата ја откри заедничката фотографија на рингот.

На таа слика Џош ја гушка Мадона, а на следната слика таа ја имаше ставено главата на неговото рамо и изгледаат навистина блиску. Џош беше тренер на едно од шесте деца на поп иконата, а претходно работеше како агент за животно осигурување.

Мадона

На добро познатиот пар потоа им се придружија танчерки во танга кои изведоа настап со Мадона. На начинот на кој сме навикнати – и денес некои шокира, а други воодушевува.

Таа продолжува со серијата концерти во Америка и Канада.